ФОТО: Специјална едиција на дресови на Реал – позната и цената!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Карим Бензема ја промовираше посебната, ограничена серија на дресови од Реал Мадрид. Дресовите ќе бидат достапни само во магазините на стадионот „Сантиаго Бернабеу“.

Овие дресови ќе се продаваат по повисока цена од останатите дресови, но во клубот се сигурни дека интересот за ваквиот „ретро“ дрес ќе биде голем.

Секако и овој пат доминира традиционалната бела боја , но овој пат „Адидас“ на средината постави син простор кој служи за реклмата на „Fly Emirates“, главниот спонзор на клубот.

Шпанските медиуми пренесуваат дека дресот ќе биде достапен за околу 120 евра.