Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Синоќа на програмата беше миланското дерби „Де ла Мадонина“ кое како и секогаш донесе големи возбудувања како на теренот така и на трибините.
„Де ла Мадонина“ е едно од најголемите градски дербија во светот, а клубовите заедно имаат 10 европски титули.
Синоќешното дерби донесе рекорден профит од 4,8 милиони евра за Интер, кој беше домаќин, а свое шоу на трибините имаа секако и фановите.
Миланското дерби никогаш не поминува без кореографии. Фановите на Милан истакнаа мотиви од историскиот споменик на Милано, Арко дела Паче заедно со пораката: „Per aspera ad astra“ (низ трње до ѕвездите).
Фановите на Интер, популарната Курва Норд преку кореографијата порачаа: „Дади гол, стори го тоа за Норд“.