ФОТО: Скоро цел свет не признава како Македонија, а ние сме запнале да го промениме тоа!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Интересна мапа на светот се врти на социјалните мрежи на која со зелено се обележани државите кои не признаваат како Република Македонија!

На мапата што се врти на социјалните мрежи со зелена боја се обележани државите кои не признаваат како Република Македонија, со црвено се тие кои не признаваат под привремената референца „поранешната југословенска Република Македонија“, додека со сина боја се државите со кои или немаме воспоставено дипломатски односи или едноставно се без став околу спорот.

Интересен податок е и тоа дека 137-те земји кои не признале го чинат најголемиот дел од светската популација, и во нив се всушност највлијателните држави (три членки на Советот за безбедност – САД, Кина и Русија).

Со други зборови, додека со огромен труд и мака ја добивавме битката во овие 20 и кусур години, да бидеме признати и познати како Македонија, а народот како македонски, со актуелниот договор од Преспа го „тураме в бунар“ сето тоа, и сами си даваме тежок автогол. Тоа е всушност една од најголемите победи на Грција, која успеа со последниот договор од пред пораз да постигне огромна победа, која ја зачини плус со членовите 7 и 8 од договорот (ВИДЕТЕ ПОДЕТАЛНО ОВДЕ), со кој се плука врз целата досегашна македонска историографија која тврди дека денешниот македонски народ настанал со мешањето на словенските племиња со староседелците од кои најбројни биле античките Македонци од кои всушност сме го добиле името.

Дали македонскиот народ на референдум ќе стави печат врз целиот труд на бројните македонски влади, политичари, уметници, спортисти, научници да не препознаваат како Македонија, а народот како македонски и ќе дозволи преименување на државата во Република Северна Македонија и обесчестување како што во една прилика рече премиерот Заев, останува да видиме.

Како и да е, ако успее референдумот сите овие земји кои не признале како Македонија ќе бидат приморани според договорот, да не нарекуваат Северна Македонија, а народот во светот ќе биде познат како Северномакедонски.