(ФОТО) Селена Гомез е пример за шик фризура за сезоната пролет-лето 2018.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Лесна за оддржување и вистинско освежување за сите девојки кои имаат долга коса, а сакаат промена.

Откако дознавме дека Селена Гомез и Џастин Бибер овој месец повторно и дефинитивно ставија крај на својата љубов, само чекавме која е следната новост кога овој пар е во прашање.

Засега нема вести за смирување, но убавата пејачка има нова фризура која би била шик за месеците кои доаѓаат.

Иако не е некоја голема промена со оглед на тоа дека до пред неколку недели носеше коса до рамена, боб фризурата сепак е вистинско освежување.

Мораме да признаеме дека Селена во текот на овие неколку месеци мина низ неколку физички промени. Беше платинасто плава, па одлучи дека како бринета е најубава, но ја украси фризурата со шишки, а сега ја гледаме низ поинакво издание.

Ние ставаме акцент на најновата варијанта бидејќи е совршена за пролет и лето, а и на Гомез и стои неодоливо.

Боб фризурите веќе неколку години се омилени фризури и девојќите во суштина се одлучуваат на нив кога сакаат некоја драстична промена. Фризерите топло ги препорачуваат бидејќи се лесни за стилизирање, подмладување и едноставно никој не може да им одолее.

Што велите вие? Дали би се осмелиле на ваков потег?