Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Кристиано Роналдо преку агенцијата „Гестифуте“ ја објави својата даночна пријава како демат на обвинувањата дека затајувал данок преку фирми отворени во Ирска и Девствени острови.
„Гестифуте“, чиј сопственик е менаџерот Жорге Мендеш, кој ги застапува правата на Роналдо, преку даночната пријава откри дека Португалецот не избегнувал плаќање данок, односно документот покажува дека надвор од Шпанија заработил 203,7 милиони евра, а во Шпанија заработката изнесувала 23,5 милиони евра.
„Фудбалерот повеќе нема да одговара на прашањата поврзани со оваа тема. Докажавме дека Роналдо и неговите застапници соработуваат со властите и работат според законот“, стои во соопштението на агенцијата.
Ова е одговорот на „Football Leaks“ објави дека Роналдо ги користел државите кои имаа пониски даноци за да присвои повеќе пари од мултинационалните компании со кои склучувал договори.
Меѓутоа она што зачудува е сумата која ја заработил Роналдо минатата година, а таа изнесува неверојатни 227,3 милиони евра.