Фото: Роналдо до покојниот татко – засекогаш ќе бидеш во моето срце


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На 1- и октомври таткото на Роналдо ќе прославеше 64-от роденден, па во негова чест славниот фудбалер објави слика со сите свои деца, Кристиано Џуниор, Ева и Матео.

Таткото на Роналдо, Хосе Денис Авеиро почина во 2005 година од алкохол додека Роналдо играше за Манчестер Јунајтед. Имаше 52 години.

Во чест на својот татко, во дневната соба постави негова слика и покрај неа се фотографираше со своите три деца, Кристиано Џуниор, Ева и Матео.

„Засекогаш ќе бидеш со нас. Среќен роденден тато, среќен роденден дедо“, пишува под фотографијата.

Estarás sempre connosco. Parabéns, pai. Parabéns, avô.??❤️

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on

Таткото на Кристиано беше зависник од алкохол и Роналдо не крие дека немале однод каков што имаат татко и син.

„Татко ми беше алкохоличар и не беше татко каков што си замислував. Го сакав најмногу, но никогаш немавме нормална конверзација, нити разговаравме како родител и дете. Не знам зошто пиеше, никогаш тоа не ми го кажа, можеби бил фрустриран од животот. Јас посакував поинаков татко, кој секогаш ќе биде покрај мене и ќе ги цени моите постигнувања“, изјави во една прилика Роналдо.