Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Синоќа во големата сала на центарот за култура „Марко Цепенков“ се одржа свечен новогодишен концерт на класична музика како дел од новогодишната богата понуда во организација на Општина Прилеп.
Дела од великаните на класичната музика: Вивалди, Хендл, Персел, Алдровандини, Офенбах, Шуберт беа изведени од академските музичари: Ана Митоска Стојаноска – сопран, Софија Никоска – виолина, Христина Никоска – пијано, Андријана Дукоска – виолончело, Ангелка Поповска – флејта, Гоце Секулоски – труба, Денис Најдоски – пијано и Катерина Попоска – мецосопран.
Прилепската публика имаше ретка можност да присуствува на ваков квалитетен концерт. Љубителите на класичната музика беа воодушевени и уживаа во избраните дела и изведби.