Фото: Поштенски марки со македонски револуционери од 1928г. кои ги побиваат грчките и бугарските национал-шовинисти!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Додека трае целиот овој политички инженеринг во кој македонската нација е пред огромни предизвици да го зачува своето име и да не дозволи да и биде видоизменет идентитетот и да не потпадне под грчката и бугарската пропаганда кои тврдат дека македонскиот народ се осознал дури по Втората светска војна, на социјалните мрежи се појавуваат се повеќе докази кои го тврдат спротивното.

Имено, објавени се поштенски марки издадени 1928 година во САД со ликови на македонски револуционери и картата на обединета Македонија.


На поштенските марки се ликовите на Даме Груев, Гоце Делчев, Пере Тошев и Тодор Александров кои важеле за најголемите македонски револуционери, Груев, Делчев и Тошев во периодот околу Илинденското востание, а Александров по Првата светска војна. Освен со нивните ликови, има и поштенска марка со територијата на цела Македонија, карта која прв ја објавил Димитрија Чуповски за време на Балканските војни, барајќи македонското прашање да се реши со независност или зачувување на Македонија во идна Балканска федерација.

Сегашните бугарски политичари и историчари ја присвојуваат македонската историја, а веднаш по прославата на Илинденското востание, нашиот премиер Зоран Заев мораше дури јавно да се извинува на Фејсбук заради тврдењето дека Илинденското востание е македонско.

Според актуелниот договор со Грција, освен Бугарија и нашиот јужен сосед ќе има ексклузивно право да се меша во внатрешните работи на Македонија и да го кочи приемот во ЕУ доколку не ја смениме историјата според нивните сфаќања. Имено, на вебсајтот на грчкото МНР се уште стои дека македонската нација е измислена вештачка творба која го украла името Македонија. Овие поштенски марки го докажуваат спротивното!