Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Вработените на гигантската компанија се селат во новото седиште кое вреди 5 милијарди долари.
Се работи за кампус кој е наречен Apple Park, а вработените на Инстаграм ги споделија првите фотографии од внатрешноста на овој импозантен објект. Кампусот се протега на површина од 708.200 метри квадратни. А во него има место за 12.000 вработени. Влезот во овој „прстен“ е дозволен за вработени на компанијата и специјално повикани гости.
Одушевени вработените во компанијата на Инстаграм ги споделија првите фотографии од внатрешноста на објектот и нивното ново работно опкружување.
Соларниот кров од 17 мегавати ќе биде еден од најголемите на светот, а зградата ќе има и природна вентилација.