ФОТО: Ова е затвореникот кој утрово се обеси во битолскиот затвор- беше осуден на 40 години


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Педесет и тригодишниот битолчанец Илија Дарков кој беше осуденик во Битолскиот затвор заради свирепо убиство на својата сопруга 47- годишната Емануела Даркова пред една година, утрово околу седум часот, во затворската ќелија беше пронајден обесен без знаци на живот, објави телевизија Алфа.

Го откриле надзорниците на затворската полиција при редовната обиколка и делењето на утринскиот оброк. Веднаш по извршениот увид и констатираната смрт, истражниот тим наложи обдукција врз трупот на починатиот.

Инаку, Дарков на 13 март минатата година на свиреп начин ја усмрти сопругата во станот на улица “21-ва“ во Битола каде била и нивната тогаш четиригодишна ќерка, со повеќе удари на сукало, нанесувајќи и смртоносни удари врз главата.

Во Основниот суд, за ова дело Дарков беше осуден на затворска казна од 40 години. Неговиот адвокат Владимир Петличковски рече дека оваа пресуда ја обжалиле до Апелацискиот суд заради низа повреди во првостепената постапка, но од засега не до крај утврдени мотиви, се претпоставува дека тој самиот си пресудил со бесење.

Адвокатот на сега починатиот Илија Дарков вели дека утрово кога го известиле од затворската управа за неговото самоубиство, не бил известен ниту имало проштелно писмо ниту било какви индиции дека овој чин на бесење ќе биде извршен.