Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Последните информации од италијанските медиуми говорат дека трансферот на Кристиано Роналдо во Јувентус е само прашање на време.
Директорите на италијанскиот клуб веќе отпатуваа за Мадрид на финални преговори, а се очекува Роналдо веќе во сабота да пристигне во Торино.
Португалецот веќе одбрал вила каде што ќе живее и станува збор за една од најскапите вили во Европа, за која ќе плаќа 40.000 евра на ден.
Таа се наоѓа во луксузниот дел на периферија од Торино и е во близина на вилата на семејството Ањели, во која што моментално живее сопственикот на „Фијат“, Лапо Елкан.
Интересно што во истата оваа вила две години живееше и Зинедин Зидан за време на неговиот простој во Торино, а во неа има живеено и Фабио Канаваро.
Вилата моментално е празна, а ќе биде уредена по негов избор и стил.