ФОТО: Нејмар се врати во Париз!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Најскапиот фудбалер на планетата, Нејмар го заврши првиот дел од рехабилитацијата и е блиску до враќање на терените.

Бразилецот слета денеска во Париз откако помина повеќе од два месеца во својата татковина поради операцијата. Утринава Нејмар пристигна во француската престолнина со приватен авион, а потоа со помош на своите телохранители успеа да избегне средба со папараците и приврзаниците.

Во наредните часови Нејмар ќе се појави во спортскиот центар на Пари Сен Жермен, за да ја започне новата фаза од рехабилитацијата.

Можно е да се врати на терените на 17 мај, кога е последниот натпревар од француското првенство, а се очекува да биде целосно подготвен за Светското првенство во Русија.