ФОТО: На денешен ден е потпишана најславната салфетка во светот!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Пред точно 18 години на денешен ден Барселона обезбеди еден од најпознатите потписи во својата историја и тоа на – салфетка!

Скаутите на Барселона во тоа време следеле 13 годишен Аргентинец кој многу брзо ги воодушеви, погодувате станува збор за Лионел Меси.

Карлос Рексач кој во тоа време работел како технички секретар во клубот не размислувал многу и веднаш тргнал во акција, иако Жоан Гаспар (претседател) не бил толку импресиониран.

Покрај тоа што Гаспар размислувал, Рексач бил убеден во потенцијалнот на тогаш 13 годишниот Меси и заминал на состанок во Шпанија. Гаљиоли му соопштил дека ќе го понуди Меси на Реал Мадрид, ако не реагираат, па и без одобрение од претседателот Рексач му понудил договор.

Рексач бил неспремен и со себе немал хартија, па првиот договор со Меси го направиле на салфетка!

„На 14 декември 2000 година пред посредниците Мингела и Хорасио, Карлос Рексач, техничкиот секретар на Барселона со своите ингеренции и покрај противењето на други лица одлучува да потпише договор со фудбалерот Лионел Меси“, стои во текстот на салфетката која сигурно е најпознатата во историјата.