Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фудбалската ѕвезда Лионел Меси тргна по стапките на својот најголем ривал, Роналдо и започна да инвестира во хотелискиот бизнис.
Пред една година Аргентинецот го купи хотелот „MiM Sitges“ во Барселона, а сега инвестираше во нов луксузен хотел на Ибица.
Шпанските медиуми откриваат дека Меси го купил хотелот „Es Vive“ еден од најлуксузните на островот, кој се наоѓа на само неколку метри до позната плажа „Фигуеретас“.
Хотелот располага со 52 соби, луксузно опремени, базен, СПА центар и се осатанато што содржи еден луксузен хотел со пет ѕвезди.
Погледнете како изгледа хотелот на Меси!