Фото: Касиљас ја донесе „Божицата“ на Лужники


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Бившиот капитен на шпанската репрезентација, Икер Касиљас го донесе трофејот за светски шампион на стадионот „Лужники“ во Москва.

Во 17 часот на „Лужники“ ќе започне Светското првенство со мечот Русија – Саудиска Арабија, а друштво на Касиљас му правеше убавицата Наталија Водјанова.

Меѓутоа, ова е малку чудно бидејќи Касиљас беше светски шампион со Шпанија во 2010 година, а последен светски шампион беше Германија и се очекуваше некој од „панцирите“ да го донесе пехарот.