Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Хрватскиот репрезентативец Игор Карачиќ по седум сезони си замина од Вардар и кариерата ќе ја продолжи во Кјелце.
Карачиќ со Вардар освои две титули во Лигата на шампиони и стекна легендарен статус меѓу навивачите на „црвено – црните“.
Откако беше претставен како ново засилување на Кјелце повторно се врати во Скопје, а денес преку социјалните мрежи се прости од Вардар и Македонија.
„Големо благодарам на клубот, играчите, а најмногу на навивачите кои беа покрај мене во оваа прекрасна приказна во Вардар! Засекогаш во моето срце“.