Фото: Ја викаа чудовиште, а сега е на чекор да стане Мис


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Евита Делмондо од Малезија е девојка која големите бенки по лицето и телото не ја спречија да собере храброст и да се пријави на натпреварување за Мис Универзум. Сепак, беше потребно да помине многу време за да ја прифати реалноста.

„Ме малтретираа во основно училиште, децата ме викаа „Чудовиште“ и тоа не можев да го разберам како млада девојка. Бев страмежлива, се повлекував во себе, бидејќи не знаев како да се носам со тоа“, изјави Евита.

Таа додаде дека присуството во еден црковен камп кој го посетила на 16 годишна возраст, потполно и го променило животот.

„Научив како да се сакам себе си и да комуницирам со луѓето. Тоа беше прв пат навистина да прифатам која сум, што сум и како изгледам“.

Thank you so much @newstraitstimes also the writer @avilags to write my life story ?

A post shared by Ave Evita Patcey Delmundo? (@evita_delmundo) on

Делмундо размислувала да оде на операција и да ги острани бенките, но сега вели дека му е „благодарна на Бог“ што ништо не променила. Исто мислење има и 42.000 луѓе кои ја следат на Инстаграм.

It's my dream ❤ Thank God ?

A post shared by Ave Evita Patcey Delmundo? (@evita_delmundo) on

Наоружана со самодоверба, Евита вели дека неодамна донела одлика да се проба на малезиското натпреварување за Мис Универзум.

„Тоа е мојот сон. Целта ми е сите девојки да имаат самодоверба кога е во прашање нивниот изгледа“, порача евита.

Turning 20 today ?? Thanks God ?

A post shared by Ave Evita Patcey Delmundo? (@evita_delmundo) on