Фото: Икарди покажа класа – ги почести соиграчите со „Ролекс“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Капитенот на Интер, Мауро Икарди покажа класа и надвор од теренот и на сите соиграчи им подари по еден луксузен часовник „Ролекс“.

Интересно, Икарди не ги заборави и соиграчите од претходната сезона кои сега не се во тимот, па „Ролекс“ добија и Кансело, Рафиња, Нагатомо, Сантон, Едер и Карамо.

На тој начин Икарди ја изрази благодарноста до секој сограч кој му помогнал да биде прв стрелец во Серија А минатата сезона.

Тој објави фотографија на Инстаграм и напиша: „Со сигурност никогаш нема да ја заборавам наградата за најдобар стрелец. Но, не сакам тоа да го паметам само јас, бидејќи без вас тоа немаше да биде возможно“.