ФОТО: Хрват и Србин со прегратка го најавија дуелот на ЕП


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Денес започнува Европското првенство во ракомет, а централен меч ќе биде балканското дерби помеѓу Хрватска и Србија.

„Спаладиум арена“ во Сплит е местото каде што ќе играат Хрватска и Србија. Арената, чиј капацитет е 12.339 седишта, ќе биде исполнета до последното место, а од безбедносни причини нема да има навивачи од Србија.

Дуелите на соседите и 20 години по војната на просторите на поранешна Југославија се „натпревари од висок ризик“. Секогаш владее страв од можни инциденти, иако за разлика од навивачите хрватските и српските спортисти години наназад со заеднички фотографии, пораки и изјави шират толеранција.

Пред натпреварот, кој се игра вечерва од 20:30 часот, нова порака за толеранција и пријателство испратија соиграчите од ППД Загреб, кои вечерва ќе бидат на спротивните страни, хрватскиот репрезентативец Златко Хорват и неговиот српски колега Добривоје Марковиќ.