Фото: Го распараа питонот и таму го најдоа својот исчезнат пријател!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Жителите на индонезиско село го пронашле својот исчезнат соселанец во телото на питон чијашто должина изнесувала седум метри, пренесуваат тамошните медиуми.

Потрагата по 25-годишниот Акбар Салубиро, кој отишол да собира палмово масло и не се вратил, ја организирале неговите пријатели и роднини.

Во дворот на домот на Салубиро тие пронашле огромен питон. Откако го распарале стомакот на рептилот, селаните таму го нашле својот исчезнат пријател, кој веќе бил мртов. Се претпоставува дека питонот прво го задушил човекот, а потоа го проголтал.

Локалните медиуми пишуваат дека соселаните изјавиле дека слушале крици недалеку од куќата на Салубиро ден пред тој да биде пронајден мртов