Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фудбалскиот свет и многу фудбалски легенди се трогнати од здравствената состојба на Сер Алекс Фергусон и му изразија поддршка на легендарниот тренер.
Алекс Фергусон синоќа имаше итна операција за хеморагија на мозокот и сега се наоѓа на интензивна нега.
„Мислите и молитвите мои се со вас, мој пријателу! Биди силен, шефе!“, напиша Кристиано Роналдо, кој неколку пати истакна дека Фергусон го смета за втор татко.
„Оздрави брзо, шефе! Моите мисли се со тебе и твоето семејство во овој момент!“, напиша Вејн Руни.
Дејвид Бекам пак објави слика со Фергусон при потпишување на договор како младинец и ја потпиша со зборовите: „Продолжи да се бориш, шефе. Ги испраќам моите молитви и љубов кон Кети и целото твое семејство“.
„Чувај се, Сер Алекс. Се молам за тебе, семејството и твоите блиски“, напиша Винсент Компани, капитен на Манчестер Сити.
Во сличен стил се и пораките на Петер Шмајхел, Мајкл Карик, Сем Алардајс, и многу други.