ФОТО: Фудбалерот на Виљареал со лисици однесен во затвор


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерот на Виљареал Рубен Семедо е обвинет за обид за убиство се наоѓа во притвор каде го чека судењето.

Шпанските власти пред неколку дена го уапсија 23-годишниот Португалец поради киднапирање, грабеж, нелегално поседување оружје и обид за убиство. Против Семедо денес беше подигнато обвинение и тој се наоѓа во затвор без можност да излезе со кауција.

Семедо пред неколку месеци бил соучесник во индидент во една дискотека, каде имал вербална расправија со еден човек, а потоа со помош на пријатели го киднапирал и ограбил.

Несреќниот човек со часови бил мачен и матретиран од страна на дефанзивецот на Виљареал, а на крајот бил и ограбен. Жртвата неодамна го препозна на испрашувањето, па Семедо веднаш беше уапсен.

Семедо ќе остане во затвор до почетокот на судењето, а му се заканува неколкугодишна казна затвор.