Home Спорт Фото: Емотивна средба на Роналдо и Фергусон!

Фото: Емотивна средба на Роналдо и Фергусон!

Доаѓањето на „Олд Трафорд“ Кристиано Роналдо го искористи да се сретне со човекот кој има специјално место во неговото срце.

Роналдо синоќа гостуваше во Манчестер, а таа прилика ја искористи да се сретне со својот поранешен тренер и фудбалски ментор, Сер Алекс Фергусон.

Фергусон неодамна имаше здравствени проблеми кои успешно ги надмина, а тоа посебно го израдува Португалецот.

„Фантастичен тренер и над се прекрасен човек. Ме научи на многу работи на теренот и надвор од него. Фантастично е што повторно те гледам во одлична форма шефе“, напиша Роналдо на Твотер.

Фергусон го донесе Роналдо на „Олд Трафорд“ уште како тинејџер ие најзаслужен што Португалецот стана еден од најдобрите фудбалери во историјата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…