Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Еминентниот француски весник „Екип“ денес со својата насловна страна буквално го шокираше целиот свет.
Имено, францускиот весник направи алузија на моменталните случувања во Каталонија и трансферот на Нејмар кој ова лето ја напушти Барселона и се пресели во Париз.
Трансферот на Нејмар беше главна тема цело лето, а во еден момент Жерар Пике објави слика со Бразилецот и напиша: „Se Queda“ или во превод „Останува“, па крена голема прашина и ги налути луѓето во ПСЖ.
„Екип“ ја искористи таа слика и моменталните случувања во Каталонија па на насловната страна претстави како шпански полицаец со сила и пендрек во рацете го држи Пике, а горе пишува „Se Queda“.
За време на референдумот во Каталонија шпанската полиција употреби прекумерна сила врз демонстрантите па имаше околу 900 повредени луѓе.