Home Спорт Фото: Донарума утре ќе ја промени историјата на Серија А

Фото: Донарума утре ќе ја промени историјата на Серија А

„Бисерот“ на Милан, Џанулиџи Донарума утре на мечот против Наполи ќе слави голем јубилеј, 100-то натпревар за „росонерите“ во Серија А.

Со тоа Донарума ќе стане најмладиот фудбалер во историјата на италијанскиот фудбал кој запишал 100 натпревари во Серија А.

Имено, Донарума ќе стигне до „стотката“ со само 19 години, 1 месец и 23 дена и ќе го собори рекордот на легендарниот Џани Ривера кој до 100-от меч во серија стигнал на 19 години, 5 месеци и 9 дена.

За каков талент станува збор најдобро говори фантот што Донарума ќе ги претекне најголемите имиња во италијанскиот фудбал како Силвио Пиола, Паоло Малдини, Франческо Тоти…

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…