Фото: Аргентински фудбалер за малку ќе ослепеше од петарда


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Новогодишното славје не може да помине без пиротехника, па поради тоа често има и повредени.

Тоа на своја кожа го почувствува и аргентинскиот фудбалер Лукас Виатри кој се здоби со тешки повреди на лицетот за време на новогодишното славје.

„Лукас Виатри претрпе повреда на очите од пиротехника. Моментално е во Буенос Аирес каде што се одмара. Не е познато кога ќе се врати на терените“, стои во соопштението на клубот.

Играчот на уругвајски Пењарол запиша три настапи за аргентинската репрезентација, а неверојатно звучи фактот дека во 2008 година помина 30 дена во притвор поради сомнеж за вооружен грабеж на фризерски салон.