Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Моника Белучи нема проблем да се потсети на почетоците од својата кариера, па така, од време на време, на Инстаграм, објавува понекоја фотографија од времето кога манекенството за неа беше на прво место.
Овој пат не врати 30 години во минатото, потсетувајќи се на една насловна страна за италијанското издание на списанието Elle.
Таа со години останува верна на својот имиџ кој ја прослави, стопроцентно гарантирајќи дека никогаш се нема подложено на естетска хирургија.
„Не се оптеретувам со својот изглед. Мислам дека слабото не е исто што и прекрасното. Јас сум жена и имам облини. Стара сум за теретана, а обожавам чоколадо и тестенини, па често со пријателите одам во ресторани. Не сум опседната со слабеењето“, вели во едно интервју, зборови кои ги има повторено повеќе пати.
„Сексапилот не е секогаш поврзан со младоста и стегнатото тело“, заклучува фаталната италијанска убавица.