Фотка од Ким Кардашијан од ’90-те покажува колку е денес полна со ботокс


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Kим Кардашија, најпосле, изгледа го остави парискиот грабеж зад себе и повторно почна да биде прилично активна на социјалните мрежи.

Таа објави фотка од ’90-те години на која позира со нејзината постара сестра Кортни, а видливо е дека и двете денес славни ѕвезди модата и шминката ги сакале и пред дваесетина години.

„Си била природно убава“ и „Сликата која покажува колку си полна со ботокс“ се само некои од коментарите кои беа оставени на нејзината објава.

Неодамна беше откриено дека домашното секс видео кое Ким го сними со тогашниот дечко Реј Џеј за десет години старлетата ја збогати за неверојатни 100 милиони долари, а на интернет се прегледува на речиси секои две секунди.

Пред неколку дена Ким објави фотка на која е фотографирана како седумгодишно девојче, а после тоа, со своите 97 милиони следбеници на социјалната мрежа сподели и фотка од 12-годишна возраст.