Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Новоформираната политичка партија која се појави на македонската партиско-политичка сцена, Граѓанско Демократска унија, вчера го одржа основачкото собрание во хотелот Мериот во Скопје.
За прв претседател на партијата е избран Петар Колев, кој до неодамна беше претседател на организацијата „Македонско-Бугарско пријателство“.
„Подготвен сум и ќе ја вложам целата моја енергија, познавање и визија за Граѓанско Демократската Унија да се изгради во еден силен и демократски политички субјект кој ќе претставува алтернатива на оној систем кој повеќе од четврт век не може да се справи со предизвиците во нашата татковина“, рече Колев по неговиот избор.
На основачкото собрание беше порачано дека новата партија ќе делува во рамки на политичката десница, блиску до центарот. Тие порачаа дека ГДУ ќе инсистира на промена на постојниот изборен модел со пропорционален модел со отворени листи, при што државата ќе претставува една изборна единица.
На основачкото собрание присуствуваа и двајца членови на Европскиот парламент од редовите на конзервативците, Ружа Томашиќ од Хрватска како и бугарскиот европратеник, Ангел Џамбаски и одржаа кратки говори во знак на поддршка.