Формално изгласана резолуцијата за импичмент на Доналд Трамп


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Продолжува истрагата за импичмент на американскиот претседател Доналд Трамп откако американскиот претставнички дом ја изгласа резолуција за формално продолжување на истата.

Резолуција со која се одобрува истрагата за отповикување на американскиот претседател беше донесена во Претставничкиот дом.

Соодносот на гласовите е 232 наспрема 196.

Двајца демократи, Колин Петерсон од Минесота и Џеф ван Дру од Њу Џерси, гласаа против, и сите републикански членови гласаа против, пренесе Гардијан.

Еден од независните, поранешниот републиканец Џастин Емаш, им се придружи на демократите во поддршката на резолуцијата.

Белата куќа ја осуди пресудата како неуставна.

Би-би-си вели дека ова е резолуција што ќе ја постави јавната фаза во процесот и дека не е во прашање гласање за тоа дали претседателот ќе биде повлечен. Со регулативата се утврдени и правата што ќе ги имаат адвокатите на Трамп.