Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Резултатите од форензичката истрага посочуваат дека причина за смртта на продуцентот Џефри Епстин најверојатно е убиство, а не самоубиство, тврди патологот форензичар Мајкл Бејден.
„Некои од повредите на Епстин имаат повеќе знаци на убиство со задавување, отколку на самоубиство“ – гласи неговото мислење.
Неговото стручно мислење противречи со официјалните наоди што укажуваат дека тој се самоубил во неговата затворска ќелија, објавени од официјалните лица во август. Тој е приватно најмен од семејството на Епстин.
Самоубиството првично го оспори братот на Епстин – Марк, кој и го најми Бејден за второ мислење.
Мултимилионерот Џефри Епстин беше осуден за трговија со малолетни девојчиња и престапи од сексуална природа.