„Форбс“: Ова се најплатените спортисти за 2016 година!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерот на Реал Мадрид, Кристиано Роналдо е најплатениот светски спортист во 2016 година, според податоците кои ги објави еминентниот магазин „Форбс“.

„Форбс“ објави дека Роналдо, минатата година заработил 88 милиони долари од кои 56 милиони долари од клубот, на име на плати и награди и 32 милиони долари од спонзорски договори.

На второто место на оваа листата е ѕвездата на Барселона Лионел Меси, кој во 2016 година заработил 81,4 милиони долари (53,4+28), а на третата позиција е кошаркарот на Кливленд Кавалирс, Леброн Џејмс, кој заработил 77,2 милиони долари (23,2+54).

На четвртото место е тенисерот Роџер Федерер, иако тој поради повреда 2016 година ја заврши во јули. Швајцарецот лани заработил 67,8 милиони долари, само 7 милиони заработил од настапите на турнирите, а дури 60 милиони од спонзорите.

Петтата позиција е резервирана на кошаркарот на поранешниот играч на Оклахома, сега член на Голден Стејт Кевин Дурент кој заработил 56,2 милиони долари (20,2+36).

На шестото место е Новак Ѓоковиќ со заработка од 55,8 милиони долари (21,8+34), а во првите десет се Кем Њутон, играч на Каролина Пантерс, потоа голферот Пол Микелсон, голф играчот Џордан Спит и кошаркарот Коби Брајант, кој минатото лето стави крај на кариерата во ЛА Лејкерс со заработени 50 милиони долари.