„Football Leaks“ го тресе светот: Откриени ’валканите’ и смешни клаузули во договорите на фудбалските ѕвезди!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Големата афера „Football Leaks“ која последните неколку дена го тресе фудбалскиот свет откри некои неверојатни детали за договорите на бројни фудбалски ѕвезди.

Така на пример англискиот премиерлигаш Тотенхем е должен на својот голман Уго Лорис да му плати 8.000 евра за секоја победа, но и 4.000 евра за секој пораз.

Роберто Фирмињо во својот договор со Ливерпул има откупна клаузула од 90 милиони евра, но неа може да ја активира било кој клуб на светот, освен Арсенал.

„Лошото момче“ на европскиот фудбал Марио Балотели во Ливерпул имаше „бонус за недобивање црвени картони“ во износ од два милиони евра.

Белгискиот репрезентативец Томас Вермален има клаузула во договорот со Барселона која му осигурува 100.000 евра по сезона како „оштета“ што тренерот може да го користи на било која позиција во тимот.

Италијанскиот стартег Фабио Капело барал 75.000 долари за да го води тимот со ѕвезди кого го предводеа Нејмар, Кавани и Лавеци во три хуманитарни натпревари на кои се собираа пари за деца. На крајот добил 50.000 бидејќи еден натпревар се откажал.

Бразилскиот дефанзивец на ПСЖ, Тиаго Силва во Париз заработува 8 милиони евра по сезона. Меѓутоа, ПСЖ додатно му плаќа 12.000 евра за станарина, 2,5 милиони евра даночен долг додека играше во Италија, авионски билети за 8 летови на релација Париз – Рио де Женеиро за целото негово семејство. Плус бонуси за освоени трофеи, и додатни 33.333 евра ако ги почитува етичките правила во клубот.

Неговиот сонародник Нејмар добил 40.000 долари за 600 автограми. Кристиано Роналдо со истата фирма имал договор на 50.000 долари.

Кога Даниел Агер во 2014 година премина од Ливерпул во Брондби неговиот бивши клуб се обврзал дека на секој домашен натпревар ќе ја рекламира неговата фирма која има има задно со својот брат. Па така на секој домашен натпревар на Брондби осум пати по 27 секунди се рекламира неговата фирма.