Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Денес во Скопје, во Клубот на пратеници, со почеток од 13 часот, се одржа прес конференција на Фондот за иновации и технолошки развој по повод резултатите од третиот јавен повик за доделување средства под инструментот за подршка кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап и спин-оф.
На пресот, Директорката на Фондот, Јасмина Поповска, ги претстави резултатите од затворениот трет јавен повик за доделување средства, кој беше отворен за првиот инструмент за подршка на Фондот од 01.07.2016 до 01.08.2016 година. Инструментот е наменет за финансирање на новоосновани претпријатија коишто постојат најмногу 6 години, микро, мали и средни претпријатија регистрирани во Република Македонија, и беше со цел попикнување на иновативноста кај претпријатија и имплементирање на иновативни решенија. На повикот се пријавија 52 предлог проекти од кои 19 поминаа во фазата на претселекција, а 4 се избрани за финансирање. Од нив 1 е во сектор машинство, 1 во електро инжинерство, 1 во сектор ИТ/електротехника со примена во геодетски друштва и катастар и 1 во сектор туризам. За финансирање на проекти под инструментот Кофинансирани грантови за ново основани трговски друштва „старт-ап” и „спин-оф обезбеден е вкупен износ од 119.521 Евра, односно 7.350.542 денари.
На прес конференцијата беа присутни и добитниците на грантовите, кои накратко ги претставија своите проекти и иновацијата со која ќе настапат на пазарите.
Фондот за иновации и технолошки развој им посакува многу среќа и успешност во работата.