Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Холивудската легенда Питер Фонда, побуден и револтиран од бескрупулозната политика на американскиот претседател Доналд Трамп, отиде во друга контроверзна реторичка бруталност на неговите социјални профили.
Таму тој, меѓу другото, распали по синот на Доналд Трамп, Барон, велејќи дека „треба да биде оттргнат од прегратката на мајка му и да биде затворен во кафез со педофили“, критички алудирајќи на ставот на Трамп за мигрантите и нивните деца од Мексико.
Подоцна, Питер Фонда се извини за канонадата од твитови во кои предложи 12-годишниот Барон Трамп да биде откинат од „прегратките на мајка му и ставен во кафез со педофили“ – за што била известена и американската Тајна служба.
78-годишниот актер, двапати номиниран за Оскар и син на холивудската легенда Хенри Фонда, објави серија твитови за најмладиот син на претседателот. Тој, исто така, го навреди и Доналд Трамп.
Твитовите се предизвикани од контроверзната политика на Трамп за одвојување на децата-мигранти од нивните родители на границата меѓу САД и Мексико, политика што претседателот ја прекина во средата со извршна наредба. Фонда предложи и луѓето што се противат на граничната политика да ги најдат адресите на федералните агенти и „да ги опколат нивните домови во знак на протест“.
„Треба да дознаеме во кои училишта одат нивните деца и да ги опколиме училиштата во знак на протест“, рече тој.
Твитот резултираше со брз одговор од полубратот на Барон, Доналд Трамп Јуниор, и портпаролката на неговата мајка, првата дама Меланија Трамп. „Ти очигледно си болна личност… но наместо да напаѓаш 11-годишник како силеџија и кукавица, зошто не си најдеш некој малку поголем“, напиша Трамп Јуниор.
Стефани Гришам, портпаролката на првата дама, за Си-ен-ен рече: „Твитот е болен и неодговорен“. Таа рече дека била известена и Тајната служба. Портпаролот на агенцијата изјави дека знае за твитовите на Фонда, но „како прашање на принцип“ нема да дава дополнителен коментар.
Подоцна во средата Фонда се извини за овие зборови и ги избриша твитовите.
„Твитував нешто многу несоодветно и вулгарно за претседателот и за неговото семејство како одговор на ужасните слики што ги гледав на телевизија“, рече Фонда во изјавата објавена и од неговиот менаџер и од неговиот публицист.
„Како и многумина Американци, многу сум вознемирен и загрижен од ситуацијата со децата одвоени од нивните семејства на границата, но претерав. Не беше во ред и не требаше да го сторам тоа. Веднаш се покајав и искрено му се извинувам на семејството за она што го кажав и за болката што можеби ја предизвикале моите зборови“.