Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Кинеската влада соопшти дека создала Кинески инвестициски фонд за интернет комуникации со средства во вредност од 100 милијарди јуани (14,5 милијарди долари). Во главниот град Пекинг денеска се одржа церемонија по формирањето на новата финансиска организација, пренесуваат ТАСС.
На настанот учествуваа претставници на Министерството за финансии на Кина и државните органи кои вршат контрола над интернет просторот.
Меѓу основачите се Кинеската индустриско-комерцијална банка, водечките мобилни оператори, како и помали државни инвестициски банки.
Се очекува благодарение на активностите на новиот фонд кинеските снабдувачи на интернет, како и компаниите чија дејност е поврзана со мрежата, да добијат поддршка и пристап до за нив недостижен капитал. Планирано е преку новата организација да биде создаден високо развиен и безбеден интернет, кој ќе одговара на потребите на пазарниот развој, посочува ТАСС.
Кинескиот информациски центар за интернет соопшти денеска во извештај дека бројот на регистрирани корисници на интернет во Кина достигнал 731 милиони луѓе, што е споредлив со населението на цела Европа.
Во моментов 53 отсто од населението на Кина има пристап до мрежата. Во последните години драстично се зголемува и бројот на влегување во интернет преку мобилни уреди.