Фолксваген има автомобил поради кој Америка ќе го заборави Dieselgate скандалот


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


На тоа најверојатно се надеваат челните луѓе во Фолксваген кои во Детроид ја претставија новата Џета. Тоа е нова генерација на најуспешниот модел во Америка.

На нашите простори овој модел е малку подзаборавен, но ова е седма генерација на Џета моделот. Новата Џета носи напредок во секој поглед, а во Фолксваген не ги кријат големите очекувања: „Новата Џета е клуч за нашиот успех во САД“, изјави шефот на VW, за време на премиерата во Детроид.

Препознатлив изглед и очекуван ентериер, Џета не нуди ништо иновативно. Поголема од претходната генерација, ќе овозможи Американците да добијат повеќе простор во багажникот. Ентериерот е изработен од квалитетни материјали, амбиентално осветлување, и табла ориентирана према возачот.

4,7 метри долгата лимузина ја движи 1.4 TSI бензинец со 150 KS, и 250 Nm. Шест-степениот автоматик е минато, новата Џета ќе има два степени повеќе. И сега она најинтересното, овој модел во Америка ќе започне со продажба во втората половина на оваа година по цена од 18.545 долари. Тоа е 100 долари помалку од претходникот. Гаранцијата на овој модел е 6 години или 72.000 милји.