Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Испадна дека ниту скандалот од гигантски размери „Дизелгејт“ не може да ја спречи рекордната продажба на нивните модели, кои на пазарот растураат и подобро од порано.
Германскиот автомобилски гигант постигна квартален рекорд на продажба уште во првиот квартал од годината.
Во првиот квартал од 2018 година Volkswagen ја зголеми продажбата на рекорден број возила, вкупно 1,53 милиони, а само во март продаде 584.700 автомобили, што самото по себе е рекорд благодарение на растот на продажбата од 4,9% во однос на март месец минатата година.
Кон рекордот многу придонесе успешната продажба на германските возила во Кина и САД, што е изненадувачки факт поради контроверзните настани кои ја врзуваат германската компанија со овие земји.
Кварталните испораки на Volkswagen пораснаа за 5,9%, а во Кина, која е воедно и најголемиот пазар на германската компанија, беше забележана експанзија од 8,6% на зголемување на испораката.
Остатокот од Volkswagen Group, на која ѝ припаѓаат SEAT, Skoda, Lamborghini, Bentley, Porsche и Bugatti го зголемија оперативниот профит во минатата година скоро двојно, и покрај скандалот поврзан со емисија на штетни гасови.