Фокус пренесува: Тајна средба и преговори на Заев и Мицкоски за иднината на СЈО


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според информациите кои ги пренесува Фокус, повикувајќи се на адвокатот Тони Менкиноски, кој е преговарач од страната на ВМРО-ДПМНЕ, премиерот Зоран Заев и министерката за правда Рената Дескоска вчера вечер оствариле средба со него и првиот човек на најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоски. На средбата тие разговарале за иднината и институционалната судбина на Специјалното јавно обвинителство.

Преговарачот од страната на ВМРО-ДПМНЕ, адвокатот Менкиноски за „Фокус“ вели дека било договорено да не се соопштуваат детали во јавноста, но посочи дека средбата била „плодна“.

Како што неофицијално дознаваме ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од барањето сите истраги и предистраги кои СЈО ги покрена по 30 јуни 2017 година да запрат, односно СЈО да ги доврши само предметите кои се во судска постапка. Се шпекулира дека е можно да се најде компромис околу ова барање, односно истрагите, без бомбите да се преселат во редовното обвинителство.

Премиерот Заев вчера, пред средбата, изјави дека е изработена нова верзија за законот за СЈО, во која во одредени сегменти се прифаќаат голем дел од сугестиите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој посочи дека очекува средите да продолжат веќе од наредниот ден, но сепак се сретнале само неколку часа по оваа негова изјава.