Флорида: Дваесетгодишник освоил 451 милиони на лотарија


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Џекпот од 451 милиони долари, е четрврт по големина во истојата на американската лотарија. А го доби дваесетгодишник   по име Шејн Мислер кој е од Флорида.

Добивката е потврдена и од американската лотарија. Младиот добитник од градот Порт Ричи на Флорида е единствениот кој имал добитна комбинација, тој прифатил да ја подигне целата сума.
Добитниците на лотаријата во САД имаат можност да бираат дали сакаат исплатата да биде во еден дел, а остатокот во рати низ годините или пак исплатата ја сакаат одеднаш, во тој случај износот е помал.

„Имам намера да се грижам за своето семејство, но и да се забавувам“ вели Мислер истакнувајќи дека отсекогаш сакал да патува и неговото патување допрва почнува.

За овој млад среќник победата не била шок.Шејнн Мислер истканал дека по уплатата на добитната комбинација имал чувество дека ќе го освои џекпотот.

Гледајќи можност за објавување на последниот број во својата добитна комбинација, Мислер рекол дека само го повикал својот брат да ги сподели вестите со него. Мислер, како што се наведува, планира да вложи еден дел од добивката во новиот дом во Тампа, како и нешто да оддели за помош на другите.