Флавио Бријаторе со 49 години помладата девојка мерачат во Кенија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Познатиот италијански милионер и сопственик на Формула 1, Флавио Бријаторе, познат и по неговите љубовни врски со Хајди Клум и Наоми Кемпбел, има нова девојка 49 години помлада од него. Станува збор за згодната убавица Бенедета Боси со која Бријаторе прв пат беше виден во јавност.

Сопственикот на Формула 1 е на одмор во Кенија со 20-годишната студентка од Милано. Иако е помлада 49 години од него, според објавените фотографии , тоа не е некој проблем за неа. Папараците ги снимнија на плажа како си разменуваат нежност.

Двојката се запознала на модно шоу во Милано затоа што Бернадета се занимава со манекенство, иако досега не била премногу успешна.

Флавио од врската со Хајди Клум ја има 15-годишната ќерка Лени, а минатата година се разведе од Елизабета Грегорачи по девет години брак. Со неа го има синот Фалко.