Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Физичката активност и било кој начин на вежбање има позитивно влијание на здравјето. Со вежбањето можете да го поправите расположението, да ги намалите вишокот килограми, да го намалите ризикот од низа болести како што се дијабетес, срцеви проблеми, а вежбањето може да помогне и на пациентите кои боледуваат од рак.
Ескертите од онколошко клиничко друштво во Австралија се убедени дека вежбањето е важен дел од терапијата кај заболените од разните видови на тумор. Толку важно што лекарите би требало да го препишуваат со рецепт.
Наместо за време на лечењето да забават и повнимаваат на своите активности, експертите препорачуваат на пациентите да продолжат со физичките активности. Така советуваат пациентите да минат 150 минути неделно правејќи некоја физичка активност која не е толку напорна.
Се препорачува одење, трчање, возење на велосипед, а се советуваат пациентите и на два до три пати неделно да учествуваат во тренинзите за издржливост.