Вебкафе

До „фит“ тело за 8 недели: Процесот и прогресот секој ден ги снимаше со камера

Ванеса Калмерс од Лондон ослабен 12,7 килограми во половината и достигна до 20 насто помалку телесни масти во само осум недели од почетокот на програмата за слабеење која вклучува кратење на калории и тренинг со висок интензитет три пати неделно.

Кога веќе не можела да ги поднесе вишокот килограми кои никако не можела да ги симне, жената ангажирала личен тренер, кој ја мотивирал секогаш кога ќе изразела сомнеж во своите можности и способности. Нејзиниот здрав начин на исхрана, кој вклучувал и високопротеински смути за доручек, ја вратил нејзината загубена самодоверба.

За Healthista оваа Британка го опиша целиот процес на слабеење во релативно краток временски рок.

Не одело сè како подмачкано

„Се обидував да вежбам сама дома, практикувајќи вежби со висок интензитет, бидејќи сакав да ослабам и да се стегнам за на плажа, но ништо не ми ги даваше саканите резултати. Ми требаше помош. Стигнав до личниот тренер Бен Камара, специјализиран и наградуван за успешни телесни трансформации. Негова работа е да го согледа целиот ваш животен стил и во него да вметне одредена стратегија со цел да ги подобри нештата како спиењето и стресот“, објаснува Калмерс.

„Тој трпеливо одговараше на моите пораки дека сакам да каснам пита и да се напијам вино. Ме охрабруваше и ме одвраќаше од тоа. Тоа ја направи разликата и сега, после осум тешки недели, резултатите се вредни за сета таа мака. Но, не одеше сè така како подмачкано. Тајно јадев слатки и се меркав во огледалото. Нормално дека имаше мигови кога сакав да се откажам. Со негова помош дотуркав до тоа облеката што ја имам да ми биде сè поголема. Луѓето почнаа да ми делат комплименти“, раскажува Британката.

Ја открива својата тајна на успехот

„Што е потребно за симнувањето на вишокот килограми? Крв, пот и солзи. Се шегувам, донекаде. Но, доследноста, жртвувањето и цврстата волја се вистинските зборови. Што се однесува на диетата, внимавав на калориите. Постев – тоа е популарен метод на слабеење кој значи да не јадете ништо по 15-16 часа на ден (од кои осум спиев). Се откажав од многу работи како алкохол, шеќер, преработени јаглехидрати како тестенини и леб. Сите оброци ми се базираа на протеини пред сè. Тоа е супер за одмор на мускулите, но после тоа се чувствувате и подолго сити. Секој ден си подготвував смути од протеински прашок, малини, кефир и спанаќ. Сите тие состојки докажано ги топат маснотиите“.

„Мојот ручек, помалку или повеќе, се состоеше од зелени салати, зачинето пилешко и други препорачани состојки. Вечерав филе од лосос со сладок компир и уште зеленчук. Одев во теретана 5-6 пати неделно, секое утро станував во 5:45 и правев вежби со висок интензитет. Дигав тегови, чија тежина Бен ми ја зголемуваше од недела во недела, со кратки кардио интервали. Секој мој тренинг го вклучуваше цело тело. Ако еден ден работите само раце, друг ден само нозе и така натаму, тоа е програма за билдање, а тоа не ми беше целта“, заклучува Калмер, која објави и видео пресек од својата осумнеделна трансформација.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top