Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Американската банка First Citizens за сума од 72 милијарди долари ќе ги откупи преостанатите заеми и депозити на банката на Силиконската долина (SVB), која беше преземена од американските регулатори поради банкрот на почетокот на месецот.
First Citizens ќе ја преземе банката за 72 милијарди долари, минус 16,5 милијарди долари попуст, соопшти Федералната корпорација за осигурување на депозити (FDIC), пренесе Ројтерс.
Во соопштението се наведува дека FDIC ги проценува трошоците настанати како резултат на банкротот на околу 20 милијарди долари, но дека точната сума ќе се утврди подоцна кога ќе заврши стечајната постапка.