Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Парична казна во висина од 3.000 евра беше изречена за фирмата „Колбико Инженеринг“ која што ја градеше зградата во Дебар Маало каде што потпорен ѕид го затрупа работникот Мијалчо Тодоровски – несреќа во која тој го загуби животот, пренесува ИРЛ.
Раководителот на зградата, Александар Дугалиќ доби условна казна затвор од две години која што нема да се изврши доколку не го повтори кривичното дело во следните пет години. Прогласени се за виновни затоа што сториле кривично дело „Тешки дела против општата сигурност“.
Шест години по смртта на работникот Мијалчо Тодоровски, судот утврди дека не станува збор за случаен минувач, како што тврдеа институциите и фирмата која го ангажирала на градилиштето на црно, туку за работник кој непријавено работел на изградба на зграда во Дебар Маало која што ја градеше фирмата „Колбико Инженеринг“.
Случајот четири години го истражуваше обвинителката Гордана Ѓешковска, а за причините на смртта на Мијалчо Тодоровски повеќе од една година се расправаше во Кривичниот суд во Скопје. Обвинителката тврдеше дека станува збор за работник кој активно учествувал во градежните работи на зградата. Но, Оливера Коловска – Стаменова која е сопственичка на компанијата „Колбико Инженеринг“ и одговорниот за градежните активности на објектот Александар Дугалиќ се оградија од работникот и не видоа вина кај нив за несреќата. Адвокатот Дарко Трајковски кој ги застапува велеше дека доказите на обвинителството не треба да се земат предвид и немаат доказна вредност.