Финците со тивко ја отстранија свастиката од амблемот на нивните воздухопловни сили


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Долго време амблемот на финската воена авијација содржеше кукаст крст и две крила. Меѓутоа свастиката, симбол стар неколку илјади години, вообичаено се поврзува со нацистите, и сега е исфрлен од амблемот.

Воздухопловните сили на Финска го користеа симболот на свастиката уште од своето формирање во 1918 година, набрзо по стекнувањето на независноста на земјата и многу пред појавата на нацизмот.

Сината свастика на бела заднина се наоѓаше на крилата на авионите на финската авијација сѐ до 1945, но целта не беше да се покаже лојалноста на нацистичка Германија, чиј сојузник беше Финска во Втората светска војна.

Симболот од авионите беше отстранет по Втората светска војна, но остана на некои други амблеми на авијацијата, на знамињата, украсите и униформите.

Називот на геометрискиот симбол со краци искривени под прав агол на лева или десна страна потекнува од зборот од санскрит кој означува благосостојба или среќа.

Овој симбол се користи со илјадници години во индиската култура и низ целиот свет, додека на Западот стана популарен на почетокот на минатиот век. Меѓутоа, за време на дваесеттите години на 20 век Адолф Хитлер ја употреби свастиката како симбол на неговата Националсоцијалистичка партија, која во Германија дојде на власт во следната деценија.

Геноцидот извршен од режимот на Хитлер предизвика за повеќето луѓе на Западот свастиката да означува нацизам и антисемитизам.

Академикот од Финска Тиво Теваен вели дека во таа земја симболот на свастиката може да се најде и на зградите изградени во втората деценија на минатиот век.

Во Финска постои уверување дека свастиката е декоративен знак, што во извесна мера и е, заклучува Теваен.