Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Според неодамнешната студија на холандски и португалски истражувачи, доколку за време на диетата си дозволиме на себе еден ден во неделата кога можеме да го прекршиме режимот на исхрана и да изедеме некое омилено „забрането“ јадење, поголеми се шансите дека ќе ја издржиме диетата.
Истражувачите следеле две групи на испитаници кои сакале да ја намалат телесната тежина – првите секојдневно внесувале по 1.500 калории, додека другите шест денови внесувале по 1.300 калории, а седмиот ден 2.700 калории.
Забележано е дека испитаниците од првата група полесно ја губеле мотивацијата, додека другите, бидејќи знаеле дека седмиот ден ќе можат да јадат што ќе посакаат, имале поголема волја и биле помалку подложни да се откажат од диетата.
Исто така, губењето на килограмите на двете групи било слично.