Вебкафе

Финска најсреќна на светот – ние во друштво на Либан, Јордан и Нигерија

Финска е најсреќна земја на светот според овогодинешниот глобален извештај за среќа на Обединетите нации, со кој се прави обид да се утврди нивото на среќа во 156-те држави во светот.

Норвешка, која минатата година беше на чело на среќните во врвот, оваа година е на второ место, а листата со десет најсреќни земји ја комплетираат Данска, Исланд, Швајцарија, Холандија, Канада, Нов Зеланд, Шведска и Австралија.

Извештајот ги рангира државите според шест клучни варијабли кои придонесуваат за среќа: плата, слобода, доверба односно отсуство на корупција, очекувано траење на животот со полно здравје, општествена поддршка и великодушност, пишува CNN.

„Топ петте земји имаат речиси еднакво високи вредности за шесте клучни фактори кои влијаат на степенот на среќа, а четири од тие пет земји – Данска, Швајцарија, Норвешка и Финска – ги држат првите места уште од првиот извештај за глобална среќа“, изјави Џон Хеливел, професор „емеритус“ по економија на Универзитетот Бритиш Колумбија.

Финска, исто така, има најсреќни мигранти, на што беше посветено посебно внимание во овогодинешниот извештај. Веројатно треба да се додаде дека од топ 10 најсреќни земји за минатата година ниту една не го напушти тоа друштво од десетте најсреќни ни оваа година. Промени имаше само во позициите на истите и замена на местата, со оглед на фактот дека разликите помеѓу нив, особено помеѓу првите пет, се многу мали.

Од другите поголеми земји, САД се на 18 место, со пад од четири места во однос на лани. Германија е 15-та, а Велика Британија 19-та. Јапонија е дури 54-та, Русија 59-та, а Кина на ниското 86-то место, три места пред Македонија.

Македонија е рангирана на 89-то место, после Кина, Азербејџан и Либан, а пред Јордан и Нигерија. Од балканските земји „понесреќни“ од нас се само Босна и Херцеговина и Бугарија.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top