Home Вебкафе Финиш по девет години: Завршува градењето најдолгиот мост на светот

Финиш по девет години: Завршува градењето најдолгиот мост на светот

После девет години градежни зафати и работа, оваа недела, конечно, ќе биде отворен најдолгиот мост на светот што ги поврзува Хонг Конг и кинескиот остров Макао со континентална Кина.

Мостот е долг 55 километри и чини 20 милијарди долари. Градбата на мостот почна пред девет години и конечно ќе биде отворен во текот на оваа недела . Така , овој мост и официјално ќе стане најдолгиот мост на светот преку море.

На отворањето на мостот во среда ќе присуствува кинескиот претседател Си Џинпинг и првите луѓе на Хонг Конг и на Макао.

Мостот ќе поврзува 56 500 квадратни километри на југот на земјата и 11 градови во кои живеат 68 милиони луѓе. Сега од Хонг Конг до Макако се патува за три и пол часот , а преку мостот за само половина час.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Меган Фокс се породи и ја доби долгоочекуваната ќерка

Холивудската ѕвезда Меган Фокс стана мајка по четврти пат, но овојпат на свет донесе девој…