Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Еден ден после преодниот рок актуелната управа на Барселона одржа прес-конференција на која откри што се правела претходната на чело со Жозеп Марија Бартомеу.
Бартомеу ги направи најголемите долгови во историјата на Барселона. Се вадеше на пандемијата, а сегашната управа со Лапорта денес јавно откри што се правело во клубот од 2015 година.
На прес-конференцијата одржана денес на која присуствуваше и адвокат се зборуваше за направен огромен криминал.
„Нашата управа многу добро знае каква ситуација затекнавме во клубот во март минатата година. Отворивме истрага и откривме многу сомнителни работи на претходната управа. Истрагата ја спроведе независна агенција и дојдоа до бројни докази за неосновани и незаконски исплати на клупски пари. Известено е обвинителството и полицијата за се, доставени се доказите. Сакаме да ги заштитиме интересите на клубот. Не сакаме да бидеме нивни соучесници и да го криеме овој срам. Навивачите мораат и имаат право да знаат каде завршиле парите од клупската каса. Денес доведовме и експерт по право за детално да ви објасни што било правено во претходните години“, изјави Лапорта.
По првиот човек на Барселона на ред дојде адвокатот Хаиме Кампанер кој е специјалзииран за кривично право и кој ја води истрагата.
„После се што откривме, нема ниту тронка сомнеж дека постои правна основа за кривична одговорност на претходната управа за се што правеа. Не станува збор за тоа дали управата работела добро или лошо. Тие имаат кривична одговорност за своите криминални постапки кои ги направија. Откривме дека провизиите кои се уплаќале на менаџерите и посредниците оделе и до 33% додека законската рамка е од 5 до 10%. Ние денес тука зборуваме за сложен финансиски криминал со милионска штета, неколку стотина милиони се проневерени“.
„Пример, направена е фиктивна компанија која имала задача да соработува со Барселона, а всушност таа компанија била параван за крадење и перење пари. Адвокати, менаџери и разни посредници кои немале никаква врска со трансферите се плаќале по седум милиони за својата “работа“. Парите се проневерени и исправни преку неколку фиктивни компании. Не се работи тука само за класична кражба каде што некој физички земал клупски пари. Се е рпавено смислено со добро разработен план. Уплаќани се пари на менаџери, адвокати, па дури и на новинари. На новинарите им се плаќало да не пишуваат вистина и да ги напаѓаат сите останати. Еден од нив годишно добивал и по 60 милиони евра за да ги брани интересите на управата и да ги прикрива сите малверзации“, објасни Кампанер.
За крај се обрати и потпретседателот на Барселона, Едуард Ромеу кој е задолжен за клупските финансии.
„Барселона за последните две години изгубила повеќе од 600 милиони евра. Од таа сума 135 се поради пандемијата. Успеавме тој долг од краткорочен да го претвориме во долгорочен. Во текот на седум години на чело на клубот претходната управа не вложила ниту еден цент во обнова и одржување на инфраструктурата. Не сум сигурен дека Камп Ноу ќе поминеше инспекција ако итно не ги саниравме сите проблеми. Благодарение на претходната управа Барселона е должна повеќе од 400 милиони евра за правни трошоци, разни парнци и предменти. За 10 месеци од водењето на клубот успеавме за 159 милиони евра да заштедиме на плати на играчи. Не чека уште многу работа. Мораме уште да ги намалиме платите се додека не влеземе во законската дозволена рамка од 65%“, зборуваше Ромеу.